Национален парк Суви Лаки main menu

Home About Services Testimonial Contact

Добредојдовте во националниот парк Суви Лаки

Далеку од сé, блиску до природата - само тоа е доволно да се каже за националниот парк Суви Лаки. Сместен меѓу планините Огражден и Малешевска среде густа шума и воздух богат со кислород, во националниот парк Суви Лаки секој што сака да избега од урбаниот живот ќе најде рајско место за релаксација.

За националниот парк Суви Лаки

Националниот парк Суви Лаки се наоѓа на 25 километри од Берово, на патот кон Струмица, на надморска височина од околу 1.000 метри. Природата е преубава, чиста и со густа шума, низ која се протегаат поголем број на земјени патеки.

Областа е извориште на две реки - Безгаштевска и Преведенска, а во околината има бројни студени извори и планински потоци. Воздухот е богат со кислород, а живописна природа нуди прекрасни услови за излети и рекреација.

Што ве очекува?

Дарежлива пророда

Природата во Суви Лаки била дарежлива. Лесно пристапен но далеку од урбаниот живот, неговите густи шуми и воздух богат со кислород едноставно ќе ве маѓепсаат.

Вкусна традиционална храна

Откако природата ќе ви ја нахрани душата, локалните домаќини ќе ве нахранат и вас со традиционалните јадења чиј вкус не се заборава.

За непречен одмор

На околните планински падини се распослани нашите сместувачки капацитети направени целосно да се вклопат во околината со примена на природни материјали.

Посетете нé

Кој дошол, не сакал да си отиде. Кој си отишол, повторно посакал да дојде. Ако и вие сакате да дојдете во Суви Лаки, контактирајте нé за да ја направиме вашата резервација.

Ако пак посакате да дојдете без претходна резервација, нема проблем - нашите локални домаќини ќе најдат место и за вас.

Сé што треба да направите е да посакате да дојдете.

Контакт

Национален парк Суви Лаки, Берово, Македонија