Се појавија пред многу кратко време, а веќе ги среќаваме насекаде. Еколошки и економични, едноставни за употреба и одржување, ги освоија градските улици на јуриш - дали ќе ве освојат и вас?
За електричните тротинети знаеме сé и ништо. Сé затоа што е доволен само еден поглед за да се сфати за какво превозно средство се работи, а ништо затоа што тие се сосема нови производи на пазарот.
Одењето до работа и назад ќе ве чини 1,50 денари*
Електричниот тротинет целосно ќе се исплати за 2 години**
Просечен електричен тротинет тежи околу 15 килограми
За него не е потребна возачка дозвола, ниту се регистрира
* доколку патувате по 7,5 километри во една насока и батериите ги полните навечер на евтина струја
** во споредба со јавниот превоз, пресметано за 180 дена годишно по 2 возења дневно и цена на електричниот тротинет од 25.000 денари
* во споредба со возење во должина од 7,5 km
** пресметано според емисиите што се испуштаат во атмосферата при производството на струја
Единственото одржување што е потребно за електричните тротинети е проверка на притисокот на воздухот во пневматиците на секои десетина дена, а за моделите со полни тркала ниту тоа
Батериите со кои се опремуваат електричните тротинети имаат капацитет меѓу 250 и 3.000 Wh
Послабите модели електрични тротинети имаат еден електромотор сместен во едно од тркалата со моќност од 250 вати, а најсилните по два електромотора во секое тркало моќни и до 1.200 вати
Постојат и навистина моќни електрични тротинети способни со едно полнење да поминат до 120 km и да постигнат и до 80 km/h
Некои од помодерните електрични тротинети имаат систем за сопирање кој ја регенерира енергијата и истовремено функционира како ABS
Единственото одржување што е потребно за електричните тротинети е проверка на притисокот на воздухот во пневматиците на секои десетина дена, а за моделите со полни тркала ниту тоа