Современиот живот носи привилегии, но и обврски. Тој не може да се замисли без автомобилите, но и без воздух за дишење. Затоа секој од нас треба да си понесе дел од одговорноста и за себе, и за другите, и за генерациите што доаѓаат.
Најголемата одговорност сепак лежи кај одговорните институции, а ние сме тука да им помогнеме во планирањето и спроведувањето на активностите.
Загадувањето од возилата е хроничен наш проблем кој од година во година се влошува
Проблемот со загадувањето на воздухот од сообраќајот е слоевит и треба да се разгледува дел по дел, а решава интегрално
Секој во својата област врвен стручњак, ќе се погрижат да Ви ги пренесат своите знаења и размислувања за темата
Видеото што го подготви здружението на производители и трговци на моторни возила од Велика Британија (Society of Motor Manufacturers and Traders - SMMT) доволно кажува за тоа.
На третиот тематски семинар Сообраќајот и екологијата ги поканивме да учествуваат:
Третиот тематски семинар Сообраќајот и екологијата опфаќа повеќе теми за дискусија.
Не е едноставно прецизно да се одреди влијанието на сообраќајот врз загаденоста на воздухот, но за да знаеме дека го има не ни требаат никакви инструменти - доволно е да се прошетаме малку низ градските улици.
Дури и репрограмирањето на работата на семафорите може да го намали загадувањето на воздухот.
Сите возила кои имаат некаков електричен погон придонесуваат за екологијата, но не различно. Со оглед на потеклото на струјата кај нас, вистинско прашање е кои од набројаните типови возила колкава ефикасност има во намалувањето на загадувањето од сообраќајот.
Не сите активности на ова поле даваат ист резултат - некои делуваат побрзо, а резултатите од некои воопшто нема да се видат, барем не директно. Затоа е битно што кога и по кој редослед ќе се преземе.
Откако ќе се регистрирате, ние ќе ви ги испратите сите детали за настанот, вклучително и деталната пријава и висината на партиципацијата.
Ние ги имате одговорите!
Битката со загадувањето е рововска, педа по педа за секое парче територија. За да победиме во неа треба паралелно да се води на сите фронтови, без разлика колку е мало влијанието.
Исто така, работите треба да се гледаат локално - загадувањето од сообраќајот не е исто на пример во Македонски Брод и во центарот на Скопје.
Тоа е една од темите на кои ќе се дискутира.
Во основа, за електричните возила вистински го намалат загадувањето струјата за нив треба да биде од обновливи извори.
Одговор на ова прашање треба да дадат државните институции. Според сé што досега е кажано и направено, субвенции за набавка на електрични возила ќе има, но не се знае кога и колкави ќе бидат.
Сепак битно е дека постои размислување и дека веќе се спроведени некои активности за ова, така што треба само уште малку волја за да се спроведат до крај.
Домаќин на третиот тематски семинар Сообраќајот и екологијата ќе биде:
Со цел поттикнување на свеста за сите импакти што мобилноста ги има врз нашиот живот и воопшто врз иднината која нé очекува, невладината организација АвтоМобилност организира серија тематски настани.
Сите тие исто како и влијанието на сообраќајот во загадувањето на воздухот привлекуваат големо внимание на јавноста.
Информирајте се за идните настани што ќе ги организира АвтоМобилност.
СИМНЕТЕ