Живееме со динамично темпо кое не ни остава време за нас самите. Прва жртва што мора да ја поднесеме е храната што ја јадеме - повеќе немаме ниту време ниту живци да готвиме дома.
За среќа се појавија голем број кујни кои приготвуваат јадење за нас. Но за жал, скоро сите се ориентирани на традиционалната кујна, која колку и да е вкусна, не секој од нас може да ја поднесе или пак да ја сака. Затоа се решивме да Ви понудиме домашно приготвени модерни јадења, за секоја прилика. Погледнете го изборот што го направивме за Вас.
главен готвач
сопственик
пекар
Како естраден уметник мора да внимавам на линијата, а сакам да јадам - тука го најдов она вистинското за мене.
Работата ми е динамична и не познава работно време, а другите домашни јадења ме тераат на спиење…
Што друго да ви кажам?!
Често ми доаѓаат странци на кои традиционалната кујна не им годи, а немам доволно пари да ги носат во луксузен ресторан.
Вака им организирам пикник-ручек во дворот, што е идеално и за мене, и за нив.