Полагањето возачки испит за секого е непријатно искуство. Многуте правила, големата неизвесност и често страв од строгото око на комисијата си го прават своето. Затоа е многу битно пред да полагате да бидете вистински подготвени.
Но не како да положите, туку како да возите.
Тоа е она што ние го правиме - ве учиме како да возите, да се справите со сé она што ве очекува во сообраќајот вклучително и полагањето возачки испит.
Сите што ја поминале обуката во нашата авто школа постигнале натпросечен успех во полагањето возачки испит - на дијаграмите е дадено колку тоа го сториле од прв пат.
И не само тоа - добар дел од нашите кандидати се одлучуваат за дополнителната програма, која надвор од предвидениот наставен план ќе ве подготви како да се справите со сé она што ве очекува во сообраќајот.
А,А1
А2,АМ
Б,БЕ
Ц,Ц1
ЦЕ,Ц1Е
Д,Д1
ДЕ,Д1Е
Ф,Г
Мотоциклите му се во крвта, низ вените му тече бензин, но сепак кога врне врши обука со дизел автомобил.
Нема ситуација што може да го извади од такт, освен кога некој ќе му го зеде пенкалото и нема да му го врати.
Полесно паркира со камион отколку со автомобил - затоа и не сака да врши обука за Б категорија.
Да не ве прелажат годиите и полот - таа е нашиот инструктор во најтешките категории.